Почитувани корисници на Веб-Страната на ЈП Службен Весник на РМ,
Со цел за поуспешно и поцелосно Ваше информирање со прописите во Република Македонија, ЈП Службен весник на РМ Ви ја обезбеди оваа Веб-страна што претставува База на податоци на целокупната важечка законска и подзаконска регулатива во Републиката од 1945 година до денес.
Базата на податоци на прописите на ЈП Службен весник на РМ е единствена комплетна база на прописите што се во правна сила во Република Македонија од 1945 година до денес.
Проектот “База на податоци на прописи во РМ од 1945 год до денес“ е целосно финансиран од сопствени средства на Јавното претпријатие.
Податоците во Базата се обработуваат тековно, односно се ажурираат со секое ново печатено издание на “Службен весник на Република Македонија“.
И покрај големиот труд, стручноста и ажурноста на вработените во ЈП Службен весник на РМ вклучени во обликувањето и ажурирањето на Базата на прописи, не би можеле, а да не се оградиме од евентуални пропусти.
Притоа, ЈП Службен весник на РМ се оградува од одговорноста во врска со примената на податоците од оваа Веб-страна, особено со оглед на востановената практика во светот, дека електронските изданија на прописите не можат да се сметаат како изворни и автентични, односно само регулативата - закони и подзаконски акти објавени во печатеното издание на “Службен весник на Република Македонија“ се сметаат за автентични.
 Исто така за поуспешно и поцелосно Ваше информирање со прописите во Република Македонија, ЈП Службен весник на РМ обезбеди бесплатен пристап до Веб База на податоци на целокупната важечка законска и подзаконска регулатива во Републиката од 1945 година до денес преку поставените инфо киосци на следниве локации: 1. Пункт МКЦ - кеј „Димитар Влахов“ 2. Правен факултет - Скопје 3. Национална и Универзитетска библотека - Скопје 4. Канцеларија на Секторот за европски прашања ЕУ инфо центар- Плоштад Македонија.
Искажувајќи благодарност за соработката, напоменуваме дека Вашите забелешки, коментари или сугестии, испратени на наша адреса Бул.“Партизански Одреди“ бр.29 Скопје, Поштенски фах 51, односно на contact@slvesnik.com.mk, ќе бидат добредојдени.
ЈП Службен весник на РМ - Скопје |
|
|