Основни податоци

ЈП Службен весник на РМ бул. Партизански Одреди бр. 29 П.фах 51 1000 Скопје
тел. +389-2-5512400 факс. + 389-2-5512401
e-mail: contact@slvesnik.com.mk web: www.slvesnik.com.mk
Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија ц.о. - Скопје е основано со Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во “Службен весник на Република Македонија“ (“Сл.весник на РМ“, бр.56/99 од 31 август 1999 година), како правен следбеник на Новинско-издавачката работна организација Службен весник на Република Македонија - Скопје.
Основна дејност на Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија ц.о. – Скопје е објавувањето на законите, другите прописи и акти во “Службен весник на Република Македонија“, како и издавањето на службеното гласило “Службен весник на Република Македонија“, како дејност од јавен интерес.
Објавувањето на законите, другите прописи и акти се врши во печатена и во електронска форма.“Службен весник на Република Македонија“ се печати и објавува на македонски јазик, а од 2002 година законите се објавуваат и на друг службен јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните што припаѓаат на заедниците во РМ.
Содржината на службеното гласило “Службен весник на РМ“ ги опфаќа следните делови:
∙Службен дел: национална легислатива; ∙Огласи: објави на судски огласи, нотарски огласи, јавни повици за тендери и сл.; ∙Меѓународни договори: мултилатерални, билатерални; ∙Декларации, заеднички позиции и демарши на Европската унија кон кои се придружува/прифаќа Република Македонија на покана од Европската унија и ∙Резолуции на Советот за безбедност на ООН со кои се воведува, изменува или укинува режим на санкции против држави, ентитети или поединци.
Финансирањето на претпријатието е од сопствени средства.
Претпријатието нуди два вида на претплата на службеното гласило “Службен весник“: претплата на печатеното издание и на електронското издание. Печатената верзија на текстовите е единствена службена верзија што е правно-обврзувачка.
Вработените во претпријатието ја вршат целата подготвителна работа за печатењето (проверка на текстот, корeгирање, форматирање за печатење и сл.). Правните акти за објавување во “Службен весник на РМ“ се доставуваат до претпријатието во печатена и во електронска верзија и истите, по правило, се објавуваат во првиот нареден број на „Службен весник на Република Македонија“, ако се доставени за објавување во пропишаниот рок.
Печатарските работи се вршат од страна на печатарска куќа, избрана врз основа на спроведена постапка за јавни набавки.
Со аплицирањето на РМ за членство во Европската унија, донесени се голем број на нови закони и други прописи усогласени со легислативата на ЕУ, што се објавени и се објавуваат во “Службен весник на РМ“, така да содржината на весникот е многу обемна, што значи дека неделно се издаваат повеќе изданија (2-3), или годишно преку 100 броеви.
ЈП Службен весник на РМ го издава и Регистарот на важечки прописи во РМ, кој се ажурира на секои два месеци, издава годишни CD-ROM изданија од 2001 година, публикации и книги со прописи, со и без коментар.
ЈП Службен весник на РМ е член на Европскиот форум на службените весници при што остварува успешна соработка со oвластените издавачи на службените весници на земјите од регионот, како и пошироко, што е од особено значење за размената на искуства.
ЈП Службен весник на Република Македонија, ги известува граѓаните дека има отворено пункт за поднесување на барања за објавување на неважечки документи (лични карти, пасоши, дипломи, свидетелства и сл.) на ул. „Кеј Димитар Влахов“, Скопје, во склоп на Комплексот „МКЦ“, а во непосредна близина на пунктот за издавање на патни исправи на МВР.


Органи на управување:
Органи на Јавното претпријатие се: Управниот одбор, Одборот за контрола на материјално-финансиско работење/ Надзорниот одбор и Директорот.
Со Јавното претпријатие раководи директорот на претпријатието, кој согласно членот 18 од Законот за објавување на законите и на другите прописи и акти во “Службен весник на Република Макeдонија“, по својата функција е и одговорен уредник на службеното гласило “Службен весник на Република Македонија“.
Раководителите на секторите во Јавното претпријатие му помагаат на директорот во спроведувањето на одлуките и заклучоците на Управниот одбор, како и во спроведувањето на основите на Програмата за работа и развој на Јавното претпријатие.
Организациона поставеност: За успешно и ефикасно вршење на дејноста за која е основано Јавното претпријатие, тоа е организирано во:
1. Дирекција;
 Директор: Тони Трајанов (дипл. Економист) tonit@slvesnik.com.mk
2. Сектор за издавачка дејност–редакција и компјутерска обработка на податоци;
 Раководител: Јелица Барутовска Темовска jelicab@slvesnik.com.mk
3.Сектор за финансиско-материјално работење, претплата, огласи и маркетинг
 Раководител: Митре Стојановски (дипл. Економист) mitres@slvesnik.com.mk
4.Сектор за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи.
 Раководител: Билјана Цветановска (дипл. Правник) biljanac@slvesnik.com.mk
Управен одбор Борис Јосифовски (претседател) Сашо Стефаноски (член) Абдираман Алити (член) Маријан Димитровски (член) Снежана Кузмановска (член) Јелица Барутовска Темовска (член) Митре Стојановски (член)
Надзорен одбор Нелко Нелковски (претседател) Васко Апостоловски (член) Гоце Кузмановски (член) Аки Мустафи (член) Ромео Јосифовски (член)
|