mken
прва страница мапа на сајт
Лична карта и основни информации
Информации за сите прописи и изданија
Информации за видови на претплата на електронското издание
Хронолошки регистри 1991-2009
Поважни прописи
65 години Службен весник
Известување за корисниците
Меѓународна соработка
Линкови
Слободен пристап до информации
Соопштенија
Контакт
Инфо центар и библиотека
Тарифа
Објавување на неважечки документи
Регистрација на Корисници
E-mail Вести
e-mail адреса: Службен Весник
Нови книги
Хронолошки
CD издание                  
 

За корисници Изданија Бесплатен пристап до изданија Претплата Соопштенија Тендери
Инфо центар и библиотека

11.01.2010 - ОТВОРАЊЕ НА ИНФО – ЦЕНТАРОТ

Со денешното отворање на Инфо – центарот, се прави чекор повеќе кон поголемата информираност на граѓаните за легислативата во Република Македонија, и истиот пред се е наменет за заинтересирани граѓани кои ќе можат бесплатно да пристапат до целосната дигитална (електронска) база на прописи од 1945 до денес, преку поставените компјутери со директен бесплатен пристап до базата на прописи, како и до содржината на печатените изданија на службеното гласило, збирките на прописи и другите изданија, а со првенствена цел – поголема информираност на граѓаните на Република Македонија за содржината на законите и другите прописи што се објавуваат во “Службен весник на РМ“.

Преку Инфо - центарот на заинтересираните ќе им се овозможи на едноставен начин да дојдат до бараната информација, кое пред се е овозможено со позитивниот исчекор кој ова Јавно претпријатие го направи во својата работа, како и пратењето и имплементацијата на европските стандарди, како резултат на што е развиена една екстензивна и лесна за ракување – дигитална база на податоци, каде за секој пропис може да се погледне во неговата содржина, а воедно и да се пратат изменувањата и дополнувањата на истиот, подзаконските акти и поврзаните прописи.

Воедно во Инфо – центарот се наоѓа целокупната архива од сите изданија од службеното гласило од 1945 година до денес, во печатена форма, која воедно е наменета како за користење од страна на граѓаните, така и за потребите на проектот – дигитализација на службените весници од 1945 година.

Во однос на сегашните и идните проекти во ЈП Службен весник на Република Македонија, следени се примерите и искуствата од Европските земји во однос на збогатување на сознанијата за Европските стандарди и искуства од оваа област.

Воедно тука го издвојуваме и Проектот кој е во фаза на реализација – дигитализација на службените весници издадени во период од 1945 до 2001 година, кој проект очекуваме целосно да се реализира до крајот на месец октомври 2010 година. Со реализација на овој проект на сите граѓани на Република Македонија ќе им биде овозможен бесплатен пристап да сите изданија на службеното гласило “Службен весник на Република Македонија“ издадени во овој период.
 
                                      ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 







































ИЗЛОГ НА КНИГИ

ИЗБОР НА ИЗДАНИЈА...

Регистар

Регистар на прописи на РМ
Регистарот на прописи на Република Македонија, претставува систематизиран преглед на прописите - закони и подзаконски акти кои се во сила во правниот систем во Републиката. ...
© ЈП Службен весник на Република Македонија. Сите права задржани.
бул Партизански Одреди 29, Поштенски фах 51, 1000 Скопје, Македонија, тел +389-2-5512400, факс +389-2-5512401