КАКО ДА СЕ ОБЈАВАТ НЕВАЖЕЧКИ ДОКУМЕНТИ Сите неважечки документи утврдени во ТАРИФАТА за висината на цената за објавување на огласи, акти и неважечки документи во „Службен весник на Република Македонија“ се објавуваат во службеното гласило „Службен весник на РМ“ на начин како што е подулу дадено како пример за неколку неважечки документи, а тоа значи дека истит начин важи и за останатите неважечки документи односно на ист образец со тоа што се наведува соодветниот документ. Цената за објавување е дадена во погоре споменатата ТАРИФА и истата може да се плати на два начина и тоа:
1. Да плати во готово на шалтерите на ЈП Службен весник на Република Македонија - локација МКЦ кеј - Димитар Влахов бб (во непосредна близина на Македонска телевизија) или во Трговскиот центар Буњаковец, втори спрат, на бул. Партизански одреди бр. 29 Скопје; или 2. Да изврши безготовинско плаќање преку деловните банки или Македонска пошта на една од следните сметки на ЈП Службен весник на Република Македонија: -300000000188798 - Комерцијална банка а.д, -320000000077509 - Централна Кооперативна Банка а.д, -210040548570186 - Тутунска банка а.д, -240010001812328 – Универзална инвестициона банка а.д, -290100000091129 – ТТК банка а.д, или -200001876134610 – Стопанска банка а.д. Скопје -370011100167674 – Еуростандард банка АД Скопје.
Објавување на неважечка ЛИЧНА КАРТА Пример за пополнување на уплатницата

УПАТСТВО За пополнување на ПП10 (општа уплатница) Согласно член 11 став 1 од Законот за лична карта („Службен весник на РМ бр8/95....19/2007), пропишано е: Граѓанин кој ќе загуби лична карта или на друг начин ќе остане без неа должен е да пријави на Министерството за внатрешни работи, да ја огласи за неважечка во „Службен весник на Република Македонија“, и да поднесе барање за издавање на нова лична карта.
За да се изврши објавување на изгубена лична карта, граѓанинот треба да изврши уплата во износ од 55,00 денари, согласно со Tарифата објавена во „Службен весник на РМ“ бр.84/2009.
Внимавајте, Во називот на уплатувачот, упишете го точното име и презиме и адресата на живеење, ( (како што стои на личната карта) а во цел на дознаката – регистарски број на лична карта. Воедно извршете проверка на впишаните податоци, а потоа инсистирајте до шалтерскиот работник, да ги внесе точно и целосно сите податоци, доколку тоа не е направено
Објавување на неважечка патна исправа – ПАСОШ Пример за пополнување на уплатницата
УПАТСТВО За пополнување на ПП10 (општа уплатница) Согласно член 43 од Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија („Службен весник на РМ бр.67/92....84/2008), пропишано е: Исчезнувањето или губењето на пасошот имателот е должен да го огласи во „Службен весник на Република Македонија“.
За да се изврши објавување на украден или загубен пасош, имателот треба да изврши уплата во износ од 70,00 денари, согласно со Tарифата објавена во „Службен весник на РМ“ бр.84/2009
Внимавајте, Во називот на уплатувачот, упишете го точното име и презиме и адресата на живеење (како што стои на пасошот) а во цел на дознаката - број на пасош. Воедно извршете проверка на впишаните податоци, а потоа инсистирајте до шалтерскиот работник, да ги внесе точно и целосно сите податоци, доколку тоа не направено.
Објавување на неважечка Возачка дозвола Пример за пополнување на уплатницата

УПАТСТВО За пополнување на ПП10 (општа уплатница) Согласно со член 295 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на РМ бр.54/2007 и бр.84/2007), пропишано е: Губењето на возачката дозвола од страна на сопственикот се објавува во „Службен весник на Република Македонија“.
За да се изврши објавување на загубена возачката дозвола, сопственикот треба да изврши уплата во износ од 70,00 денари, согласно со Tарифата објавена во „Службен весник на РМ“ бр.84/2009.
Внимавајте, Во називот на уплатувачот, упишете го точното име и презиме и адресата на живеење (како што стои во возачката дозвола) а во цел на дознаката - број на возачката дозвола.. Воедно извршете проверка на впишаните податоци, а потоа инсистирајте до шалтерскиот работник, да ги внесе точно и целосно сите податоци доколку тоа не е направено.
Објавување на неважечка Сообраќајна дозвола Пример за пополнување на уплатницата

УПАТСТВО За пополнување на ПП10 (општа уплатница) Согласно член 331 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на РМ бр.54/2007 и бр.84/2007), пропишано е: Губењето на сообраќајната дозвола од страна на сопственикот се објавува во „Службен весник на Република Македонија“.
За да се изврши објавување на загубена сообраќајна дозвола, сопственикот треба да изврши уплата во износ од 70,00 денари, согласно со Tарифата објавена во „Службен весник на РМ“ бр.84/2009.
Внимавајте, Во називот на уплатувачот, упишете го точното име и презиме и адресата на живеење, а во цел на дознаката - број на собраќајната дозвола. Воедно извршете проверка на впишаните податоци, а потоа инсистирајте до шалтерскиот работник, да ги внесе точно и целосно сите податоци доколку тоа не е направени.
Тарифа
|